Брегзит се претвора во „ТВ-сапуница“ – Кој добива најмногу од излез без договор?

Се предвидува дека Кина и САД ќе имаат најмногу корист ако Велика Британија излезе од ЕУ без договор.

Тоа е така бидејќи Европа ќе остане „скршена“ по „разводот“ од Британија, вели истакнатиот американски професор по економија Ричард Вулф.

Минатата среда Брисел се согласи рокот за Брегзит да се продолжи до 31 октомври, со што Лондон дооби уште шест месеци за да најде „најдобро можно решение“ за излегување од блокот.

Меѓутоа, бизнисите во Велика Британија и ширум Европа сакаат оваа „бескрајна ТВ-сапуница“ да се реши, објаснува Вулф.

„Најлошото е неизвесноста околу сето тоа. Никој не знае во кој дел од Европа да инвестира, каде може да се купува и каква заработка би имал“, вели тој.

Во меѓувреме, новиот извештај на ОН за истражувањето „Брегзит без договор: трговски добитници и губитници“ предупредува дека повлекувањето на Велика Британија од ЕУ ќе ја смени способноста на земјите кои не се членки на ЕУ да извезуваат на британскиот пазар“, оставајќи простор за „влез на други играчи“.

Во тој случај, кинескиот увоз во Велика Британија би можело да порасне на 10,2 милијарди долари, а се очекува извозот на САД да порасне за 5,3 милијарди долари.

„Таков исход може да се објасни со фактот дека британските трговски партнери буквално ќе мора да изберат страна во ‘драматичната’ економска и политичка реорганизација“, истакнува професор Вулф.

„Ако ја разбиете Европа, ако Франција или Германија видат дека ќе мора да бираат страна, е јасно во која насока би отишле – со САД и господин Трамп, кого не го сакаат, со уништената Британија која внимателно ја следат, или со ‘новајлијата’ Кина“, вели Фулф.

Можно е да посведочиме драматична реорганизација на светот, политички и економски, бидејќи еден од големите блокови на моќ – Европа – буквално се распаѓа, заклучува економистот.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе