Брестовац е нов селектор на ракометната репрезентација на Македонија

Скопје, 3 март 2019 (МИА) – Тренерот на РК Металург, Данило Брестовац, денеска на прес-конференцијата што се одржа во „Холидеј Ин“ во Скопје, беше официјално претставен пред медиумите како нов селектор на Сениорската машка репрезентација на Македонија.

Данило Брестовац до јуни паралелно ќе извршува две функции – тренер на Металург и селектор на кадетите и сениорите.

Тој вели дека е подготвен за новиот предизвик кој доаѓа во вистинско време.

„Благодарност до претседателот и до комисијата која одговори позитивно на мојата кандидатура. Сето тоа што го имам зад себе ми дава за право да се надевам на остварување на мојот сон. Имам соработка со РФМ подолго време, мислам дека за мене е нормално да се нафатам на овој предизвик, иако во разговорите со мои блиски, некои ми сугерираа дека не ми е време. Мислам дека не ми е рано. Со некои од момците сум играл, некои сум ги тренирал, па полесно ќе ја направам фузијата на играчите што се во заминување и оние во доаѓање. За краток период ќе го формирам и мојот стручен штаб“, вели Брестовац.

Брстовац ќе дебитира на клупата на Македонската репрезентација на 10 април во Рејкјавик, на првиот од двата натпревари против Исланд во рамки на Квалификациите за ЕП 2020 година. Втората средба против Исланд ќе се игра само четири дена подоцна, на 14 април, во Скопје.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Ракомет

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more

Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Read more

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more
 

Спорт

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе