Силна експлозија се случила утрово пред зградата на полицијата во Брисел, а според првичните информации нема повредени.
Белгиските медиуми јавија дека бомбата експлодирала пред институтот за криминологија во Брисел.
Во експлозијата нема повредени или загинати лица.
Како што пренесува белгискиот RTL, автомобил ја пробил портата околу зградата во 2:30 часот по локално време, а потоа еден или повеќе напаѓачи, во близина на лабораториите, ја активирале бомбата и предизвикале пожар.