Ф1

Британското ГП ќе се премести за да се размине со Вимблдон и ЕУРО 2020

9. август 2019 - 15:19 | МИА

Силверстоун, 9 август 2019 (МИА) – Раководството на Формула 1 се согласи да се премести Гран при на Велика Британија следната година за да се избегне преклопување со другите големи спортски настани. Трката на Силверстоун ќе се одржи на 19 јули за да се избегнат финалето на ЕУРО 2020 и финалето кај мажите на Вимблдон.

Организаторите на трката притискаат напорно за оваа промена бидејќи гледачите на Ф1 беа помалку во 2019 година поради уникатната тениска драма меѓу Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер, како и прилично интересното финале на Светското првенство во крикет на кое Англија беше домаќин и во финалето го совлада Нов Зеланд.

Публиката на Силверстоун беше поголема од онаа на Вимблдон и од крикет, но проблемот беше со одливот на ТВ публиката.

Имало дури и идеја Гран при на Велика Британија да се одржи во јуни, но тоа се покажало како невозможно со оглед на остатокот од календарот.

Коментирај