British Airways се подготвува за огромен штрајк

Лондон, 6 септември 2019 (МИА) – Авиокомпанијата British Airways следната недела ќе се соочи веројатно со еден од најголемите штрајкови на пилотите бидејќи одби да ги продолжи преговорите со синдикатот Балпа.

Пилотите најавија штрајк за в понеделник и вторник, како и на 27 септември, поради несогласување околу платите.

Штрајкот би можел да опфати околу 90 отсто од 4.300 вработени во British Airways.

Синдикатот соопшти дека пилотите на британската авиокомпанија првпат стапуваат во штрајк, поради кој 1.600 летови би можеле да бидат откажани следната недела, а тоа ќе загрози неколку илјади патници.

Управата на авиокомпанијата доцна синоќа го одби предлогот на синдикатот да нема штрајк доколку продолжат преговорите.

British Airways не е единствена авиокомпанија која се соочува со штрајк на незадоволните вработени. Ирскиот Ryanair најави штрајк овој месец, а францускиот Air France беше соочен со штрајк во 2018 година, пред да биде постигнат договор.

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе