Младиот боксер Чарлс Конвеј (21) брутално, со два кроше удари, го нокаутира Патрик Деј (27), но не очекуваше дека ќе му остави толку тешки последици.
По нокаутот Деј изгуби свест, во рингот влетаа лекарите, а во салата настана паника додека медицински екипи го изнесуваа Американецот надвор до амбулантното возило.
На боксерот му беше ставена маска за кислород додека го изнесуваа, а според ESPN веднаш бил однесен во операциона сала каде му била направена операција на мозокот поради тешките повреди што ги добил.
Нокаутот се случи во последната рунда, откако Конвел прво со десно кроше го „здрма“ Деј, а со лево го онесвести.
Младиот Конвел така стигна до 11-тата победа во кариерата, но беше очигледно дека не ѝ се радува поради последиците кај неговиот противник.
Според новинарката на Клаудија Трехос, Деј не се освестил во амбулантното возило. Според претставниците на боксерот, тој уште е во кома во сериозна здравствена состојба.