Брзи тестови за COVID-19 во црквите во Атина во пресрет на Велигден

Лекарската комора на Атина и периферијата Атика, од вчера започнаа спроведување рапид тестови за поповите и црковниот персонал во Соборните храмови и црквите во грчката метропола, во пресрет на Велигден, јави дописничката на МИА од Атина.

Во тестирањата вклучени се поповите, но и сите оние кои работат во црквите, со цел како нивна безбедност, така и на верниците.

Во Соборниот храм што утрово го посети дописничката на МИА од Атина, интересот меѓу свештените лица беше голем, не само од конкретната црква, туку пристигнуваа и од околните цркви.

Од дваесетина направени тестови, сите беа негативни.

Иницијативата е претседателот на Лекарската комора на Атина и префект на Атика Јоргос Патулис, во консултација со атинскиот архиепископ и поглавар на ГПЦ Јеронимос.

Светиот синод на грчката православна црква минатата седмица одржа состанок на кој едногласно беше донесена одлука, црквите да бидат отворени за верниците, а Воскресението Христово ќе биде во 21 часот, наместо на полноќ, поради полицискиот час.

Велигденските литургии во текот на неделава се поместени за еден час порано.

Црквите и соборните храмови ќе работат под специјални здравствени протоколи, дозволено е едно лице на 25м² во внатрешноста и едно лице на 10 метри квадратни, во надворешните делови.

За Велигден, за верниците е задолжителна употребата на две маски, додека пак за поповите, свештените лица и останатиот црковен персонал, задолжителен ќе биде селф тест, односно брз тест за домашна употреба.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Регион

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Read more

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Read more

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Read more

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе