Рецепти

Брзо и лесно: Направете безглутенски колачиња

3. септември 2019 - 15:46 | М.С

Овие колачиња од четири состојки се прават брзо и лесно и одлични се за оние кои не користат глутен во исхраната.

Состојки:

Две шолји бадемово брашно

Пола лажица прашок за пециво

1/3 шолја јаворов сируп

Две лажички екстракт од ванила

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени, а тавата обложете ја со хартија за печење.

Во сад промешајте го бадемовото брашно и прашокот за пециво, потоа додајте го јаворовиот сируп и екстрактот од ванила. Мешајте додека состојките се соединат.

Со лажица вадете го тестото и редете го во тава. Доколку сакате да бидат крцкави, притиснете ги со чиста стаклена чаша одозгора.

Колачињата печете ги околу 12 минути.

Коментирај