Рецепти

Брзо и лесно предјадење: Брускети со домати и босилек

9. октомври 2019 - 15:37 | М.С.

Пробајте го овој италијански рецепт кој се прави многу лесно, а е превкусно предјадење.

Состојки:

Шест-седум шери домати

Две чешниња лук

¼ главица кромид

1 лажица маслиново масло

2 лажици балсамико

Неколку листови босилек

450 гр. француски леб

Начин на подготовка:

Шери доматите исецкајте ги на коцки и промешајте со кромид и лук, балсамико, сол, масло, бибер и босилек.

Францускиот леб исечете го на парчиња дебели околу центиметар, наредете ги во тава, па одозгора полијте ги со маслиново масло.

Кратко печете го лебот во рерна додека да добие златеста боја. Одозгора ставете ја смесата и послужете.

Коментирај