Буфон покажа како се брани и кога е паднат на колена
Џиџи Буфон и во вториот првенствен натпревар за новиот клуб ПСЖ покажа дека рефлексите одлично му работат и во 40-тата година.
На дуелот со Гингамп, во 13-тата минута, на резултат од 0:0, најдобриот стрелец на домаќините Нолан Ру беше на само седум метри од голот на гостите.
Шутираше во десната страна на Буфон, а Џиџи, иако беше веќе наклонет на другата страна, успеа да се врати од расчекор и со тупаница да избие сигурен гол.