Бугарија протерува 70 руски дипломати и го затвора рускиот конзулат во Русе

Бугарскиот премиер во оставка Кирил Петков денеска соопшти дека нивните специјални служби идентификувале како 70 дипломати дека биле поврзани со руските служби, а работеле против интересите на Бугарија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков им честитал на бугарските служби и на Министерството за надворешни работи што си ја завршиле работата.

Сите биле дипломати, но правеле необични активности, изјави бугарскиот премиер.

– Ова не е агресија врз рускиот народ. Секој што работи за странски интереси ќе биде повикан да се врати во земјата од која е дојден, изјави премиерот Петков. Многу од овие луѓе работеа директно за странски служби и нивната дипломатска улога биле прикриена, додаде тој. Во недела, рече Петков, очекува полн авион со 70 дипломати да се врати во Москва.

Според него, кога странските влади ќе се обидат да се мешаат во внатрешните работи на Бугарија, Софија јасно ќе се спротивстави на тоа.

Бугарската заменичка министерка за надворешни работи, Ирена Димитрова, денеска ја повика во Министерството амбасадорката на Руската Федерација, Елеонора Митрофанова, соопшти прес-центарот на Министерството.

Митрофанова била информирана за одлуката на бугарските власти да го намалат бројот на вработени во руските дипломатски претставништва во Република Бугарија во границите кои нема да го надминуваат бројот на бугарските претставништва во Руската Федерација.

Бројката треба да се задржи до 23 дипломатски и 25 административно-технички персонал. Барањето на Бугарија се темели на реципроцитетот врз основа на чл. 11 од Виенската конвенција за дипломатски односи.

Персоналот на странските мисии треба да се одржува во разумна и нормална рамка, со оглед на моменталната состојба на билатералните односи.

Второ, поради активност на руските претставници, дефинирани од надлежните бугарски власти како некомпатибилни со Виенската конвенција за дипломатски односи, а чија цел е развивање пријателски односи меѓу државите.

Во вербалната нота врачена до рускиот амбасадор во Софија се наведува и очекувањето на бугарската страна Русија привремено да го затвори својот Генерален конзулат во Русе, а Бугарија привремено да го затвори конзулатот во Екатеринбург.

На руската амбасадорка Митрофанова и беа претставени имињата на 70 соработници на мисиите на Руската Федерација во Бугарија, кои треба да ја напуштат територијата на земјата до 3 јули 2022 година 

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Регион

Таткото на осомничениот за убиството на Данка излегува од притвор

Read more

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Read more

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Read more

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Read more
 

Вести

Светската цена на златото повторно на рекордно високо ниво

Читај повеќе

Креативна работилница за средношколци за пишување поезија

Читај повеќе
  • play_arrow

Имамот бил жив еден час по падот на хеликоптерот: Се обидувал да го спаси претседателот на Иран

Читај повеќе

Велосипедист прегазен на Средно Водно

Читај повеќе

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Читај повеќе

Таткото на осомничениот за убиството на Данка излегува од притвор

Читај повеќе

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Читај повеќе

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до Преспанскиот договор

Читај повеќе

Кумановец загинал откако возилото во кое патувал излетало од патот

Читај повеќе