Бугарски државјанин осомничен за измама со кредитни картички

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР поднесе кривична пријава против 37-годишниот К.З.З., државјанин на Бугарија, поради постоење на основи на сомнение дека е сторител на кривично дело – „изработка и употреба на лажна платежна картичка“.

Пријавениот со намера да прибави противправна имотна корист, во текот на овој месец, прибавил банкарски податоци од вистински платежни картички и податоци за носители на тие платежни картички,  со кои извршил  повеќе успешни нелегални трансакции на продажно место хотел правно лице од Скопје, во вкупен износ од 384.064 денари.

Истиот со картичка на „Американ експрес“ направил трансакција со рачен внес на број на картичката, без физичко присуство на картичката, односно резервацијата е направена преку претходна коресподенција преку електронска пошта за 30 дневен престој за две лица. Пријавениот дошол на 7 јануари, а на 12 јануари сакал да се одјави при што побарал остатокот од парите да му бидат исплатени во кеш.

По ова од страна на банка во Скопје е проверена оваа трансакција при што тие добиле потврда од банката издавач на платежната картичка дека станува збор за нелегална трансакција.

Во врска со ова по претходно добиена пријава од страна на истата банка, на 12 јануари е излезено на терен и од хотелот е приведен пријавениот К.З.З. и однесен во полициската станица во Центар, кој во разговор со полициските службеници кажал дека престојот во хотелот му е платен од страна на фирмата за која работел од Австралија, како награда.

Во однос на плаќањето не знаел ништо, и немал никаква поврзаност со фалсификувани платежни картички. За време на престојот во Скопје, бил во центарот на градот, во трговски центар како и на Аеродром „Александар Велики“ за да си резервира авиобилет за Дубаи за 13 јануари.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Хроника

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Read more

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Read more

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Read more

Кучиња скитници искасаа три лица во Скопје

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе