Бизнис

Цената на златото расте, додека вредноста на доларот опаѓа

8. април 2019 - 14:06 | А.С.

Откако Народната банка на Кина го објави извештајот дека ги проширува резервите на злато четврти месец по ред, цената на златото значително се подобри.

Ослабената вредност на доларот во голема мера придонесе цената на златото да порасне на највисоко ниво за изминатата недела на глобалните берзи.

Вредноста на златото се зголеми за 0,4% на 1.296,87 долари, што е највисока цена откако ја достигна највисоката вредност на 29 март од 1.297,86 долари.

Вредноста на доларот опадна откако најновиот извештај за пазарот на труд во САД покажа дека растот на платите забавува, иако невработеноста се намалува.

Ослабувањето на доларот се смета дека е добро за златото, бидејќи станува поевтино во други валути и расте побарувачката за него.

Кина ги зголемува резервите на злато четврти месец по ред и сега има вкупно 1.894 тони злато.

Експертите очекуваат подобрување на цената на златото на 1.310 долари за унца во 2019 година, што ќе биде повисоко од просечната цена од 1.268 долари за унца во 2018 година.

Коментирај