Цените на нафтата пораснаа петта недела по ред

На глобалните пазари минатата недела цените на нафтата повторно пораснаа, петти пат по ред, бидејќи трговците се надеваат дека побарувачката за „црното злато“ ќе остане релативно силна и покрај забавувањето на економскиот раст.

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела се зголеми за 4,8 отсто, на 84,99 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 4,6 отсто, на 80,58 долари.

Во фокусот на трговците минатата недела беа одлуките на американската ФЕД и Европската централна банка за зголемување на каматните стапки за дополнителни 0,25 процентни поени. Ова дополнително ќе го забави растот на американската и на еврозоната, но трговците се надеваат дека нема да има рецесија. Дополнително, се надеваат дека завршува и циклусот на покачување на каматите, кој трае повеќе од една година.

Цените растат и поради намалената понуда

Трговците, исто така, се надеваат на посилна побарувачка во Кина, бидејќи тамошните власти објавија насочени мерки за зајакнување на растот на втората по големина економија во светот, која не закрепнува толку брзо како што се очекуваше по укинувањето на рестриктивните мерки за ковид.

„Новите најави за стимулирање ги поддржаа надежите за закрепнување на побарувачката во најголемиот увозник на сурова нафта во светот“, рече Пријанка Сачдева, аналитичар во Филип Нова. Цените се поддржани и од намалената понуда. Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините партнери веќе во неколку наврати го намалуваа производството за да ги поддржат цените.

Саудиска Арабија и Русија, пак, се подготвуваат дополнително да ја намалат понудата во август, односно за еден милион и 500 илјади барели дневно. И покрај растот пет недели по ред, цената на нафтата на лондонскиот пазар се уште е во минус во однос на почетокот на годината, околу 1 процент. На американскиот пазар, пак, е во плус 0,4 отсто.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Бизнис

Волстрит достигна рекордни нивоа

Read more

Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат

Read more

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Read more

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Read more
 

Вести

  • filter

Фатена дрога испратена во мала пратка преку пошта

Читај повеќе

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Читај повеќе

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе