И оваа година, петти пат по ред, во декември ќе уживаме во The Game Awards церемонијата на доделување награди за најдобри достигнувања во индустријата на видеоигри.
Домаќин на церемонијата сите овие години е Џоф Кинли кој сега објави дека петтата церемонија ќе биде одржана на 12 декември.
Кинли објави дека подготвува бројни изненадувања за гледачите.
На церемонијата е најавен Mortal Kombat 11, како и Crash Team Racing.
Покрај доделувањето на наградите, ќе уживаме во претставување на новите игри, објави Play! Zine.