Чадиковски и Наумов во трката за претседател на ЗНМ

Скопје, 13 декември 2018 (МИА) – До Здружението на новинари на Македонија пристигнати се две кандидатури за претседател на здружението. Кандидатури имаат поднесено Младен Чадиковски и Стојанче Наумов.

Чадиковски, како што соопшти денеска ЗНМ, доставил програма за работа, додека Наумов најавил дека ќе ја презентира својата програма пред членовите на самото Собрание.

До вчера до полноќ до кога беше последниот ден за пријавување на кандидати за позициите во органите на ЗНМ пристигнати се и 29 кандидатури за членови во управниот одбор, шест за членови во Надзорниот одбор и 4 за членови во Советот на честа.

За членови на Управниот одбор се кандидатираат Ајдари Аднан, Акифи Шклзен, Андонов Зоран, Арифи Бењамин, Атовска Кристина, Димевски Сашко, Димитровски Зоран, Донев Венцо, Ѓеоргиев Томислав, Иванов Мишко, Јовановска Слободанка, Јовановски Тодор, Кока Фиљана, Лефков Горан, Мачкиќ Кристина, Маџоски Зоран, Митреска Елизабета, Михајлоски Гоце, Николовска Билјана, Петроска Парашкева, Поповски Среќко, Салију Фуркан, Салих Зехријан, Стефановски Илија, Стојанов Игор, Стојановска Наташа, Трпческа Мирјана, Халили Мемедалија Евис и Цветковска Сашка.

Кандидатури за членови на Надзорниот одбор се Јордановска Мери, Керими Адриан, Мехмети Семи, Мулачка Ирена, Стројмановски Трајче и Сулејмани Башким, додека за Советот на честа кандидати се Костиќ Мира, Јакупи Семра, Зилбеари Сенад и Зекири Арбен.

Изборното собрание на ЗНМ ќе се одржи во сабота со почеток во 10 часот во спортската сала „Борис Трајковски“. Досега функцијата претседател ја вршеше Насер Селмани. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе