Здравје

Чај од коприва против анемија и за јакнење на имунитетот

6. мај 2017 - 13:03 | А.С.

Лековитиот чај од коприва е популарен ширум светот бидејќи содржи многу витамини, минерали и хлорофил што помагаат во јакнењето на имунитетот и за лечење на разни заболувања како анемија и воспаленија.

Ако често страдате од прелади и воспаленија, време е да се свртите кон природните лекови и да пиете чај од коприва што ќе ви го зајакне имунитетот бидејќи е богат со бакар, витамин С, магнезиум, манган и цинк.

Копривата содржи и значително количество на железо поради што е корисна во борбата против анемија. Оваа болест најчесто ги напаѓа децата, трудниците, адолесцентите и постарите лица, а недостигот на железо многу тешко се надоместува само преку исхрана.

Пред да посегнете по таблети, пробајте со чај од коприва.

Луѓето кои се трудат да ја намалат телесната тежина исто така може да се потпрат на копривата бидејќи дава чувство на ситост и поволно делува на регулирањето на тежината.

Помага за побрзо исфрлање на урината од телото и се смета за природен прочистувач на организмот.

Коментирај