Останати спортови

Чех брилираше на дебито во хокеј

14. октомври 2019 - 12:57 | Ф.З.

Фудбалската голманска легенда Петр Чех имаше одлично деби во новиот спорт бранејќи два пенала и носејќи му победа на својот клуб.

Неговиот тим Гилдфорд Феникс го пречека Свиндон Вајлдкетс во натпревар кој заврши 2:2. Бидејќи во предолженијата не беше постигнат гол се замина на изведување пенали каде блесна поранешниот фудбалски ас.

Чех го одбрани првиот и последниот пенал со што му донесе победа на својот тим. Потоа беше избран и за играч на натпреварот.

Чешкиот голман од мал е фан на хокејот иако тргнал по фудбалскиот пат. Во Гилдфорд сепак ќе биде трет голман, а на тренизите ќе доаѓа кога тоа ќе му го дозволува ангажманот во Челси каде сега работи како технички советник.

Заштитната кацига за која Чех побара специјална изработка го содржи чешкото и британското знаме, од едната страна е логото на Арсенал, додека од другото она на Челси бидејќи настапуваше и за двата тима.

Коментирај