Кристина Агилера пееше дека е “Дух во шише“, а сега би можеле да си имате не еден, туку два такви само за вас. Благодарение на глобалната и исклучително снабдена продавница наречена Интернет, ви се пружа шанса да си купите духови.

Мелвин С. од Крајстчрч во Нов Зеланд продава две шишенца со сина течност за кои тврди дека содржат духови заробени од егзорцист (непосредно пред објавувањето на статијава, надавањето за овие духчиња достигна 1.000 долари).
Оваа приказна започнува кога Мелвин С. и неговиот пријател почнале да забележуваат некои чудни појави во својот дом и заклучиле дека сигурно станува збор за дух кој живее заедно со нив. Затоа, решиле да поразговараат со него и за таа цел купиле “Ouija“ табла (која служи за комуникација со мртвите) но добиле уште едно невидливо пријателче, односно на духот му се придружила уште една темпераментна душа.
Тогаш Мелвин и неговиот пријател сфатиле дека ситуацијата е сериозна па повикале егзорцист да ги ослободи од непосакуваните гости. Истерувачот на духови очигледно го бивало, затоа што необичните звукови и останати индикатори дека куќата е опседната од духови веднаш ги снемало. А, како доказ за успешно завршената работа, егзорицистот на Мелвин и неговиот пријател им дал две шишенца со света вода и со по едно духче во нив.
А, да, треба да кажеме и чии души се наоѓаат во шишенцата, но и каде можете да ги купите. Мелвин С. смета дека првиот дух е Лес Грахам кој порано живеел во куќата и починал во 1920. година, а другарче му е духот на мало девојче кое е палаво па сака да пали и гаси светла и да поместува предмети. Нивните духови може да ги купите на страницата Trademe, а парите од продажбата ќе бидат донирани на Друштвото за превенција на насилство кон животните (SPCA).
И.Е. | Кајгана