Хроника

Четири лица полесно повредени во сообраќајки во Скопје

9. ноември 2018 - 8:31 | МИА

Скопје, 9 ноември 2018 (МИА) – Четири лица се здобиле со лесни телесни повреди во четири од вкупно девет сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден во Скопје. Во пет сообраќајки била причинета материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Дваесет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, 11 возачи поминале на крстосница на црвено светло, тројца возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин и тројца возачи за неправилно престројување.

Санкциониран бил и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачки премин и седум пешаци кои поминале коловоз на црвено светло.

Од сообраќај биле исклучени вкупно девет возачи, од кои осум пред да се стекнат со право на управување и еден возач почетник, како и 15 нерегистрирани возила.

Затекнати биле 97 возила непрописно паркирани.

Со помош на  специјалното возило пајак, отстранети биле 69 возила.

Денеска со почеток во 12 часот СВР Скопје – Одделението за превенција во соработка со Општина Аеродром на платото пред ТЦ „Капитол Мол“ ќе одржат промоција на Училишните сообраќајни единици од ООУ „Лазо Ангеловски“ и ООУ „Димитар Македонски“.

Коментирај