Фит

Четири начини како да се ослободите од болката во вратот

28. септември 2019 - 11:50 | М.С.
Многумина од вас, во текот на денот чувствуваат болка и напнатост во вратот, особено во текот на работното време. Затоа ви е потребно истегање или масажа. Еве четири ефективни начини како да се ослободите од болката во вратот.
 

Просечната глава на човекот тежи од 10 до 11 килограми, што е повеќе од 5 проценти од вкупната телесна тежина на просечниот човек. Меѓутоа, остатокот од телото го одржуваат голем број мускули, а главата ја контролираат помалку мусклули за разлика од вратот, пишува Men’s Health.

За жал, вратните мускули се занемаруваат во повеќето тренинзи, освен ако не тренирате фудбал или боречка вештина. Многумина не знаат од каде да почнат да вежбаат за да го зајакнат вратот. За среќа, само со неколку вежби може да ги олесните болките во вратот.

Зајакнување
 
Обидете се да ја повлечете брадата кон внатрешноста на вратот, за да ги зајакнете мускулите во цервикалниот 'рбет. Притиснете ја брадата нежно на вратот за да создадете двојна брада. Може да почувствувате истегнување во основата на черепот и активирање на мускулите во предниот дел на вратот. Правете ја оваа вежба 5 до 10 секунди и повторете 8 до 10 пати на ден. За поголем предизвик, обидете се малку да ја кренете главата од позиција на 'рбетот, додека ја одржувате таа позиција на брадата и држете десет секунди.
 
Истегнување
 
Скаленските мускули најчесто се оние кои предизвикуваат чувство на затегнатост и напнатост во вратот. Започнете со истегнување на овие мускули со влечење на едното уво кон рамото додека седите или стоите и нежно држете ја оваа позиција со раката. Направете го истото од другата страна и држете го истегнувањето од двете страни до 30 секунди.
 
Ослободете се
 
Ако сметате дека може да ја најдете точката на вратот која е жариште на болката, обидете се сами да ја омекнете областа со масажа. Притиснете го тој дел околу 10 секунди, а потоа тргнете ја раката, за да се забрза протокот на крв во тој дел од вратот.
 
Држење
 
Додека стоите или седите, обидете се да избегнете нагли држења со главата и брадата нагоре. Вежбајте со брада додека седите или обидете се да го издолжите вратот.

Коментирај