Четири причини зошто спиењето е важно ако сакате да изгубите килограми

Ф.З.
/ 21.12.2023 / 11:45

Иако секоја диета има свој пристап за слабеење, основите се генерално исти и вклучуваат намалување на калориите со зголемена физичка активност. Меѓутоа, во овој процес често се занемарува сонот, кој игра важна улога во слабеењето.

Лекарите често препорачуваат најмалку 7 часа спиење секоја вечер, но поради брзото темпо луѓето ширум светот спијат помалку. Сепак, спиењето е од суштинско значење за здравата функција на телото и може да влијае на вашите хормони, здравјето на цревата, процесот на складирање маснотии, па дури и на вашите способности за донесување одлуки.

Недостатокот на сон доведува до хормонална нерамнотежа

Колку спиете влијае на производството на хормоните лептин и грелин во вашето тело. Лептинот е хормон кој вашето тело го ослободува за да ја зголеми вашата ситост или да го регулира внесот на храна и потрошувачката на енергија, помагајќи му на вашето тело да ја одржи тежината.

Ограничувањето на спиењето може да го намали нивото на лептин во телото. За возврат, вашиот апетит се зголемува, што може да предизвика прејадување бидејќи тогаш се зголемува нивото на грелин - хормон кој го зголемува чувството на глад. Недостатокот на сон може да го зголеми и нивото на кортизол во телото, хормон поврзан со стресот.

Складирање и губење маснотии

Зголемувањето на кортизолот предизвикано од ограничениот сон, исто така, може да влијае на тоа каде вашето тело складира масти. Во отсуство на сон, имате тенденција да складирате повеќе масти во пределот на стомакот.

Според студијата од септември 2019 година објавена во Journal of Lipid Research‌, дури и само неколку дена лишување од сон може да влијае на тоа како вашето тело складира масти од храната.

Вашиот деноноќен ритам игра улога во здравјето на цревата

Исто како што вашата тежина може да биде под влијание на вашите хормони, така и губењето на тежината може да го попречи вашиот интестинален систем бидејќи игра голема улога во варењето и преработката на храната, лековите, хормоните и хемикалиите за мозокот.

Здравјето на цревата може да биде нарушено кај оние што се активни во текот на ноќта. Недостатокот на сон влијае на вашиот деноноќен ритам (внатрешниот часовник на вашето тело, кој го регулира вашиот сон) што може да ги оштети вашите црева.

Лошо расположение

Спиењето не само што може да влијае на вашите чувства на глад и ситост, туку може да влијае и на видот на храната што ја посакувате. Според една студија од 2016 година објавена во списанието Sleep‌, лишувањето од сон ги активира деловите од мозокот поврзани со мотивација и награда, што може да ја зголеми желбата, особено за нездрава храна.

Недостатокот на сон, исто така, негативно влијае на префронталниот кортекс на мозокот, кој е одговорен за контрола на импулсите и ви помага да донесувате подобри одлуки.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Фит

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Read more

Каде најчесто грешиме со јадењето протеини?

Read more

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе