Автомобил „пасат“ со кој управувал триесетгодишен жител на дојранското село Николиќ прегазил четиригодишно дете од Струмица.
Несреќата се случила во четвртокот во 10.30 часот во струмичкото село Босилово. Детето се здобило со тешки телесни повреди и во бессознание е пренесено во КАРИЛ-Скопје.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Струмица.