Чиле го менува Уставот за да ги смири демонстрантите

Сантјаго, 11 ноември 2019 (МИА) – Чилеанската Влада се согласи да напише нов устав со кој ќе се замени сегашниот, кој потекнува од времето на диктатурата на Аугусто Пиноче, а со цел да да ги смири повеќенеделните насилни протести.

Министерот за внатрешни работи Гонзало Блумел изјави дека претседателот Себастијан Пинера, членови на претседателската администрација и политички сојузници се согласиле дека Конгресот ќе го води процесот на повторно пишување на уставот.

Чилеанците ќе гласаат за нацрт-уставот на референдум.

– Пред сè, треба да се фокусираме на целта – промена на општествениот договор кој е поставен како основен услов на нашите граѓани, рече Блумел.

Делови од Уставот се изменети неколку пати од 1980 година, кога беше прогласен, но критичарите велат дека новиот устав мора да вклучува заштита на социјалните права и да ја зголеми вклученоста на граѓаните во демократските процеси.

Противниците на промена на уставот тврдат дека постојниот устав е столб на стабилноста за Чиле, една од најбогатите земји во Јужна Америка.

Протестите избувнаа пред три недели поради зголемувањето на цените на билетите за метрото, а во нив досега загинаа најмалку 20 лица.

Демонстрантите постојано бараа нов устав. 

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе