Чоколаден мус со вкус на Nutella
За подготвување на здравиот чоколаден мус со вкус на Nutella ќе ви бидат потребни кокосово млеко, какао и лешници. Се работи за вегански десерт без глутен кој содржи многу калории, но има квалитетна нутритивна вредност.
Ќе ви бидат потребни 75 грама лешници, 400 милиграми полномасно кокосово млеко, две лажички какао, 85 грама урми, лажичка екстракт од ванила и прстофат сол.
Исто така, важно е да се користи кокосово млеко кое содржи висок процент на кокос (барем 50%). Лешниците можете да ги потпечете неколку минути во рерна, а доколку користите сирови лешници тогаш ќе мора да ги потопите во вода во текот на вечерта за да омекнат.