Чувар силувал тригодишно девојче во Индија

Тригодишно девојче од Индија е во критична состојба откако наводно ја силувал нејзиниот сосед во Њу Делхи, јавија локалните медиуми.

Обвинетиот за силувањето на девојчето е уапсен и се работи за 40-годишен маж кој живеел и работел како чувар во зградата каде што живеело детето.

Онесвестеното девојче го пронашла полицијата и веднаш било однесено во болница на операција.

Инцидентот се случил во неделата  на шестата годишнина од бруталното силување на студентка која почина од повредите откако група насилници ја нападнаа во градски автобус.

– Новиот инцидент ја „потсети“ Индија на трагичната жртва од силувањето во автобусот, изјави комесарката задолжена за правата на жените во Њу Делхи Свати Маливал и додаде дека тој напад тогаш предизвика протести во целата држава и доведе до заострување на Законот за силување.

Сѐ уште не се знае во каква состојба е силуваното девојче и дали ќе го преживее нападот кој локалните медиуми го опишаа како брутален.

Локалните жители од тој дел на Њју Делхи го пронашле обвинетиот и го нападнале откако се дознало за инцидентот, пишува Times of India. Весникот цитираше извор од полиција кој рекол дека на обвинетиот морале да му бидат санирани повреди кои му биле нанесени пред да биде уапсен.

Родителите на девојчето, кои работат повремено и хонорарно, биле отсутни кога се случил нападот. Обвинетиот наводно го привлекол девојчето со слатки да излезе од домот.

Полицијата регистрираше случај на силување според Законот за заштита на децата од сексуални престапи според кој обвинетиот може да добие и смртна казна.

Црниот биланс на случаи на силување во Индија

Овој најнов сексуален напад кој предизвика нов бран на гнев и жалби, доаѓа по серијата брутални силувања и убиства во Индија.

Во април медиумите следеа обвинение за групно силување и убиство на осумгодишно девојче во Кашмир во Индија.

Во јуни неколку стотици луѓе излегоа на улиците во централната држава Маџа Прадеш поради силување на девојче од седум години.

Податоците покажуваат дека во Индија на секои два и пол часа се силува по едно дете помладо од 16 години, а на секои 13 часа се силува дете помладо од десет години.

Бројот на пријави за силување се зголеми од 8.541 во 2012 година на 19.765 колку што се регистрирани во 2016 година.

Во 2015 година силувани се повеќе од 10.000 деца.

Во Индија 240 милиони жени се омажиле пред да наполнат 18 години.

Вкупно 53,22 отсто од испитаниците во владино истражување пријавиле дека биле жртви на некој вид сексуално злоставување.

Вкупно 50 проценти од напаѓачите на децата им се познати како личности од доверба.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Свет

Стопирани сите летови на Alaska Airlines во САД

Read more

Авионите не можат да полетаат, а метрото е под вода – драматични сцени од поплавениот Дубаи

Read more

Руската армија почна со повлекување од Нагорно-Карабах

Read more

Шведска денеска гласа за намалување на старосната граница за промена на полот

Read more
 

Вести

Стопирани сите летови на Alaska Airlines во САД

Читај повеќе

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Читај повеќе
  • play_arrow

Авионите не можат да полетаат, а метрото е под вода – драматични сцени од поплавениот Дубаи

Читај повеќе

Димитриевски во ДИК: Потребна е промена на Изборниот законик за сите да имаат еднакви шанси на изборите

Читај повеќе

Руската армија почна со повлекување од Нагорно-Карабах

Читај повеќе

Бесплатен влез во музеите и на локалитетите по повод Светскиот ден на спомениците и локалитетите, 18 април

Читај повеќе

Јакимовски не го потпиша кодексот за фер и демократски избори: Големите партии веќе го прекршија Изборниот законик

Читај повеќе

Грејната сезона продолжува поради временските услови

Читај повеќе

Кривична против Курто Дудуш: За директори на градинка именувал лица кои не биле вработени во градинката

Читај повеќе