Мелбурн, 6 декември 2018 (МИА) – Францускиот тенисер Џо-Вилфред Цонга доби специјална покана од организаторот за да учествува на Австралија Опен 2019 година.
Французинот е рангиран на 258. место на АТП листата.
И неговата сонародничка Клара Бурел која е 619. на ВТА листата доби вајлд карта за првиот Грен слем идната година.
Ова е објавено на официјалниот Twitter профил на Француската тениска федерација.
Австралија Опен ќе се одржи од 14 до 27 јануари во Мелбурн.