Останати спортови

Црна мачка влета на натпревар, па стана хит на интернет

6. ноември 2019 - 15:13 | Б.С.Б.

Во последниот меч на деветтата седмица на Американската фудбалска лига Далас Каубојс ја совладаа екипата на Џајнтс со резултат од 37:18. Но, освен по победата на Далас, гледачите натпреварот ќе го паметат и по црната мачка која влета на теренот.

Црната мачка која ненадејно се појави на теренот и за кратко го прекина натпреварот им донесе среќа на Далас Каубојс, кои остварија убедлива победа.

Мачката беше скоро минута на теренот, а очите на сите присутни беа вперени во неа. Наскоро, ги освои и социјалните мрежи.

„Голем поздрав до црната мачка на теренот. Има одлични движења“, гласи еден од коментарите на Twitter.

Коментирај