Црногорецот кој криумчарел оружје пред нападите во Париз, осуден на четири години затвор

На Црногорецот кој непосредно пред терористичките напади од ланскиот 13-ти ноември во Париз беше откриен во Германија со арсенал оружје и експлозиви во автомобилот, му е изречена казна од четири години затвор.

Влатко Вучелиќ, на околу педесетина година, на 5-ти ноември го запрела полицијата на автопатот меѓу Салцбург и Минхен. Навигацискиот систем на неговиот автомобил покажал дека возел од Црна Гора, преку Хрватска и Словенија, како и дека крајната дестинација му била Париз. Полицијата во неговиот „голф“ открила осум автоматски пушки „калашников“, пиштоли, рачни гранати, експлозиви и детонатори.

Поради тоа Црногорецот беше обвинет за транспорт на оружје во Париз заради извршување сериозни, но непрецизирани насилни дела.

Вучелиќ, кој претходно не бил кривично казнуван, признал пред Врховниот регионален суд во Минхен дека бил свесен дека оружјето се наоѓа во неговото возило, но дека немал сознанија за каков и да е планиран напад.

Судот во четвртокот го осуди за незаконско поседување и превезување борбено оружје меѓутоа во соопштението до медиумите било наведено дека „не е докажано дека свесно го превезувал оружјето во Париз поради планираниот напад“.

Пресудата е донесена врз основа на спогодба која се заснова за потполно признание. Судот не успеал да одреди кој го наредил доставувањето на тоа оружје, за што на Црногорецот му било платено со сума од две илјади евра.

Исламистичките милитанти на 13-ти ноември 2015 година во Париз убија 130 луѓе во серија координирани напади со огнено оружје и експлозиви. Дел од оружјето употребено во нападите потекнува од војните водени на територијата на поранешна Југославија во 1990-те години и веројатно од Балканот до француската престолнина стасало преку стари криумчарски патишта.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Свет

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе