Авто новости

Cybertruck стана новото полициско возило во Дубаи

28. ноември 2019 - 14:44 | Б.С.Б.

Полицијата во Дубаи поседува суперавтомобили на кои секој може да им позавиди, меѓу нив се Porsche 918 Spyder, Bugatti Veyron, Aston Мartin One-77 и Ford Mustang. Покрај нив се Lamborghini Aventador, Audi R8, Renault Twizy и сега најновиот електричен пикап на Tesla, Cybertruck.

Веќе е објавена фотографија од Cybertruck во полициска верзија, како и информацијата дека ќе стане дел од возниот парк на полицијата во 2020 година.

Но, навистина е тешко во тоа да се поверува бидејќи производството на основната и средната верзија нема да почне пред крајот на 2021 година. Најдобриот модел со три мотори ќе се произведува кон крајот на 2022 година.

Абдула Калифа Ал Мари од полицијата во Дубаи изјави дека Cybertruck ќе биде користен како патролно возило на популарни туристички атракции, а не е познато која верзија е нарачана.

Можно е да станува збор за најдобриот модел кој чини 69.900 долари со домет од 800 км и забрзување од 0 до 100 за околу 3 секунди.

Тоа не е сè, полицијата во Дубаи ќе купи и Mercedes-AMG GT 63 S.

Коментирај