Д Фестивал 2019: Сместувачките капацитети во Дојран максимално исполнети

Единствениот музички фестивал на отворено кај нас, популарниот Д-Фестивал, годинава ќе се одржи од 12 до 14 јули во Стар Дојран со тридневна, неверојатно богата програма и фестивалски камп.

На шест музички бини ќе настапат повеќе од 50 музички ѕвезди и над 100 уметници и креативци кои ќе земат учество во бројните активности, перформанси и работилници кои ќе се одвиваат на повеќе од 20 зони на годинашново деветто издание на Д-Фест, изјавија организаторите од Пасворд продукција и општина Дојран.

Трите фестивалски вечери на досега најголемото издание на фестивалот, покрај музичките настапи, вклучуваат и бројни работилници, изложби, дебати, базар на уметнички дела и ракотворби и уште многу други содржини кои придонесуваат ова да биде единствена фестивалска авантура кај нас.

Сместувачките капацитети во Дојран се веќе целосно исполнети што е уште еден показател дека овој Д-Фест ќе биде најуспешен до сега.

Оние кои ќе купат билети заклучно со денешниот ден, 10 јули, ќе ги добијат по промотивна цена од 800 денари за четиридневен билет без кампување, односно 850 денари со кампување.

реклама

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе