Д.А. Лори утре ја промовира новата книга поезија „Небо во кафез“

„Небо во кафез“ како возрасно дете буричка по светот околу себе, го отсокрива, го препокрива, покажува на работи очигледни, а заборавени, или заматени од премногу зашербетена лага, и гласно кажува „Царот во нас е гол!“, ќе напише Ѓоко Здравески за најновото поетско остварување на Д.А. Лори.

Во фоајето на кино Фросина во Младинскиот културен центар утре, 26 октомври, 2019 година во 18 часот и 30 минути ќе се одржи промоција на книгата поезија „Небо во кафез” од Долорес Атанасова-Лори.

Театарот на сенки „Сенки и облаци“, со својата магија на сенки и бои ќе претстави дел од поезијата, за која претстава гласовите ги позајмија Ѓоко Здравески, Биљана Стојановска, Верица Недеска и Долорес Атанасова-Лори, а музиката е на Горан Атанасов.

На промоцијата ќе читаат: Снежана Стојчевска, Биљана Стојановска и Ана Голејшка Џикова.

Поетесата Долорес Атанасова-Лори (Д.А. Лори) е добитник на наградата „Тодор Чаловски“ за 2019-2020 година во областа на поезијата, книжевната критика, есеистиката и креативните прозни форми.

Д.А. Лори е родена во 1974 во Германија. Раното детство го поминува во Германија, а потоа се сели со семејството во Охрид, каде го поминува детството и средношколските денови. Во 1993 во Скопје запишува студии по англиски јазик и книжевност. Оттогаш живее во Скопје, каде работи како професор по англиски јазик. Песните на Д.А.Лори првпат беа објавени во Букбокс, по што следи соработка со издавачката куќа Блесок, за која, во 2014, ја издава својата прва збирка поезија насловена „Будење во трето лице еднина“.

Во 2016, од печат излегува „Со ветрот под рака“, во издание на издавачката куќа Антолог. По пауза од три години, во 2019, излегува нејзината трета книга, „Небо во кафез”. Во меѓувреме, нејзини песни се објавувани во поетската збирка „100.000 поети за промена” и е-книгата „Поетискон”, како и на страната на Словокулт, онлајн магазин за уметност и литература, и Fixpoetry, германска платформа за литература на интернет.

Поезијата на Д.А.Лори е исто така објавена во монографијата на Астални проекции, како и во најстарото македонско списание за литература, култура и уметност, „Современост”. Долорес Атанасова-Лори е добитник на интернационалната награда на „Антево Слово”, која за првпат беше доделена во 2017 во склоп на италијанската поетска манифестација Ангело ла Векија. Досега нејзината поезија е преведена на германски, англиски, српски и шпански јазик.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Култура

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Read more

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе