Да се прашува Трамп, Клинтон би била во затвор

Во втората јавна дебата пред претседателските избори во САД кандидатите Хилари Клинтон и Доналд Трамп разменија низа обвинувања и се обидоа да ги оправдаат своите афери.

Трамп во ТВ дебатата беше принуден повторно да ги коментира снимките на кои се слуша како зборува дека допира жени по гениталиите без нивна дозвола, а Клинтон мораше да се изјасни за аферата со мејловите.

„Снимките за мене беа шега од соблекувална. Им се извинувам на Америка и на моето семејство. Не сум горд на тоа, но тоа што Бил Клинтон им го прави на жените е многу пострашно. Никој во историјата на Америка толку не злоставувал жени како Бил“, вели Трамп.

Потенцира дека однесувањето на Клинтон кон жените било пострашно од неговото.

„Кај мене се работи за зборови, а кај него за дилема“, порача Трамп на дебатата, пред која свика прес-конференција за новинари на која како што ги нарече, „неколку храбри жени“, тешко го обвинија Бил Клинтон. Меѓу нив беше и Хуанита Бродрик од Арканзас која изрече најтешки обвинувања, дека Клинтон ја силувал во 1978 година. Таа рече дека можеби „Трамп кажал некои лоши зборови, но Бил Клинтон ме силуваше, а Хилари Клинтон ми се закануваше. Мислам дека тоа не може да се спореди.“

Хилари Клинтон, од друга страна, пак, рече дека Трамп наведува дека снимката го претставува во погрешно светло, но дека таа смета оти на сите и е јасно од она што го слушнале дека го претставува токму таков каков што е .

„Слушнавме како навредува жени. Слушнавме како според нивниот физички изглед ги категоризира од еден до десет“, рече Клинтон.

 За електронската пошта на Клинтон и користењето приватен мејл додека таа беше државен секретар, рече дека било грешка, но никаков доверлив материјал поради тоа не завршил во погрешни раце. Трамп рече дека ако биде избран ќе именува посебен тужител за да се спроведе истрага за Клинтон затоа што таа ја довела во прашање националната сигурност.

„Добро е што некој со темпераментот на Доналд Трамп не е задолжен за спроведување на законот во нашата земја“, рече Клинтон, на што Трамп додаде: „Затоа што ќе бевте в затвор“.

Таа рече дека Русија управува со хакерски напади за да влијае врз изборите, со цел Трамп да победи, а бидејќи не знаат зошто тоа се прави, треба да побараат одговори. Трамп на тоа рече дека таа лаже, дека не го познава Путин, но дека би било добро САД да има добри односи со Русија, заедно да се борат против Исламска држава.

Оваа дебата може да биде клучна за претседателската кампања, затоа што на Трамп му е потребен ветер во грб за да ја стигне Клинтон, која води на анкетите по првата дебата од 26 септември.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе