Многумина ги интересира колку чини куче од расата Лагото Ромањоло.
Се ближи сезоната на лов на тартуфи, па не е ни чудо што побарувачката за кучето Лагото Ромањоло е во пораст. Тартуфите се нераскинливо поврзани со овие кучиња, бидејќи кој има подобро куче има и подобар улов.
Лагото Ромањоло (Lagotto Romagnolo) е вистински експерт за наоѓање на тартуфи, златни печурки, како што често ги нарекуваат, бидејќи се ретки и затоа се најскапи во светот.
Соседна Србија лежи на ова природно богатство, за кое странците се подготвени да издвојат и по неколку илјади евра за килограм. Лагото Ромањоло е единствената светски позната раса за лов на тартуфи. Овие кучиња совршено се снаоѓаат на сите терени и многу лесно се тренираат. Со тоа, не е чудно кога во огласите ќе видите дека возрасно куче од оваа раса се продава за дури 2.000 евра.
На сајтовите за продажба на кучиња има голем број огласи за оваа раса. Понудата е разновидна, па има и такви кои подаруваат кучиња од оваа раса, но и такви кои бараат и до 2.000 евра.
Додека кученцата се продаваат по цена од 100, 150, 200, па и 1.200 евра, младите кучиња, во зависност од тоа дали се дресирани за лов на тартуфи, може да се купат по цена од 300, 800, па и до 1.000 евра.
Ставката што најмногу влијае на цената е дали кучето е исчистено од паразити, дали е редовно вакцинирано, дали е генетски чисто со сертификати и дали е возрасно куче тренирано да лови тартуфи. Доколку ги исполнува сите горенаведени критериуми, цената може да биде и до 2.000 евра.
Покрај тоа што е најдобро за лов на тартуфи, ова куче е идеално милениче. Иако има дебело, виткано влакно, не се митари.
Исто така е идеално милениче за оние кои страдаат од алергии на кучешки влакна. Како што велат експертите за кучиња, тие се карактеризираат со високо ниво на чувствителност и емпатија.
Полни се со љубов, секогаш пријателски расположени, ги обожаваат децата и своето човечко семејство. Добро се сложуваат со другите кучиња и мачки во домот.