Дали да чекате до 12-тата недела од бременоста за да ја соопштите радосната вест?

Кога е вистинското време да се соопшти радосната вест за бременоста е прашање што си го поставуваат сите трудници.

Некои тврдат дека е најдобро да се почека до крајот на првото тримесечје, додека други не сакаат да чекаат за да ја споделат среќата со сите.

Општото верување е дека трудниците се воздржуваат од споделување на веста до истекувањето на 12-тата недела од бременоста бидејќи според стручњаците тогаш значително се намалува ризикот од спонтан абортус.

Според резултатите од едно истражување објавено на порталот Her.ie, во кое биле вклучени 1.435 мајки, родителите обично не дочекуваат да помине 12-тата недела пред да ја соопштат веста за бременоста.

Истражувањето покажа дека само 26% од мајките „издржале“ да не ја споделат веста за бременоста пред првиот ултразвук.

Една третина од жените одлучиле веста за бременоста да ја споделат со роднините и пријателите веднаш откако и самите добиле потврда, а повеќе од половина тоа го направиле пред истекот на седмата недела.

Препораките на стручњаците се тоа да го направите онака како што вие се чувствувате. Најдобро е сепак веста најпрво да им ја соопштите на најтесното семејство, па на пријателите, а потоа на колегите и на поширокиот круг познаници.

Ако вие и вашиот партнер одлучите никому да не кажувате за бременоста додека и двајцата не сте подготвени за тоа, тоа е ваш избор, особено ако подолго време сте се обидувале да забремените или претходно сте имале спонтан абортус.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Живот

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе