Дали муслиманите стануваат „добрите момци“ во филмови и ТВ-серии?

Хит серијата „Homeland“ е при крај, откако со години го „промовираше“ исламот како непријател. Но, на нејзино место доаѓа бран трилери во кои муслиманите се претставени како херои.

Една од многуте грди вистини на Холивуд  е дека иако тврди дека е прогресивна индустрија, на големо се потпира на расни и етички стереотипи, негувајќи ги и обликувајќи ги предрасудите што преовладуваат кај неговата публика.

Ова е особено точно кога станува збор за изборот на негативци.

По Русите и Германците – следат Арапите

Иако Студената војна заврши пред многу децении, Русите уште се омилениот избор за негативци, а и Германците имаат лоша репутација благодарение на безбројните наци злобници кои се појавуваат на малите и големите екрани од Втората светска војна наваму.

Но, од почетокот на новиот милениум, главна демографска група за демонизација се муслиманските Арапи. Дури и пред нападите од 11 септември, во филмовите тие се претставени или како сексуално нападни нафтени тајкуни, егзотични потчинети жени, мизогини кретени и/или воени терористи. Меѓутоа, со трагедијата на 11 септември и војната против тероризмот што следеше (и уште трае), само се засили нивната стереотипизација како главни негативци.

Покрај фактот дека припадниците на екстремната десница и расистичките движења се одговорни за поголемиот број убиства поврзани со екстремизам во САД во изминатите 15 години, според Холивуд, токму муслиманите се оние од кои публиката мора да се плаши ајмногу. „Благодарение“ на изобилието трилери по 9/11 како „24“ и „Sleeper Cell“, американските телевизии го направија исламот и сѐ поврзано со него, непријател број еден.

Која ТВ-серија шири најмногу исламофобија?

Сепак, нема друга серија која подобро ја долови фамозната изјава на поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш: „Или сте со нас, или сте со терористите“, од серијата „Homeland“ на Showtime, во која муслиманските ликови беа или терористи или доушници. Годинава ќе се емитува осмата и последна сезона, а припадниците на муслиманската заедница одвај чекаат да заврши.

Откако почна да се емитува во 2011 година, драмскиот трилер се покажа како една од најнеобјективните серии на ТВ во поглед на ширењето дискриминација. Освен што во серијата беа претставени и пренагласени сите негативни стереотипи за муслиманите, исто така авторите сериозно се потрудија да ги претстават муслиманите како притаено зло и опасност за Американците.

Сју Обеиди, директорка на Советот за јавни работи на муслиманите при Холивудското биро во САД, нагласува дека со тоа што забавната индустрија ги промовира овие негативни стереотипи, се создава ситуација во која луѓето кои не припаѓаат на таа религија или заедница, формираат мислење за таа заедница врз основа на информации што се стереотипни и лажни и може да имаат опасни последици.

Повеќе истражувања покажале дека има директна поврзаност меѓу изложеноста на луѓето на негативни прикажувања на муслиманите во медиумите и нивната подготвеност да поддржат политики што се штетни за муслиманите и ги намалуваат нивните права, вклучувајќи воени мерки против нив. Од друга страна, изложеноста на позитивни медиумски примери или директен контакт со муслимани имало обратен ефект.

Новите миуслимански херои

Откако почна да се емитува во 2003 година, полициската франшиза NCIS се соочува со многу контроверзи во поглед на претставуањето на муслиманите, вклучувајќи ги американските муслимани, при што критичарите ги обвинија дека го поттикнуваат впечатокот дека секој муслиман е потенцијален терорист. Сепак, во спиноф серијата „NCIS: Los Angeles“ што сега е во 10-тата сезона, има подобрувања во овој поглед.

Ликот на Сем Хана (кого го игра Ел Ел Кул Џеј) е специјален агент и поранешен Маринец кој во деветтата сезона се изјасни како муслиман и со тоа стана првиот главен лик во серија во ударно време во САД што е отворено претставен како муслиман.

Годинава беше воведен лик со хиџаб – специјалната агентка Фатима Намази, иако во нејзиниот лик религијата не е ставена во преден план.

Во крими-драмата „Blindspot“ за која неодамна беше одобрена петтата и последна сезона на NBC, исто така има лик што носи хиџаб – Африн која работи во ФБИ.

Серијата „The Bold Type“ на Netflix го направи можеби најхрабриот чекор и го воведе ликот на Адина – уметница од Иран која е геј и носи марама на главата.

Нормализирањето на позитивни женски ликови со хиџаб на ТВ можеби се чини како прогресивен чекор, но сепак ќе треба уште многу работа за да се „ослободат“ муслиманите како група од имиџот на негативци во серии и филмови, особено кога ликовите не носат карактеристични обележја на нивната религија.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Филм & ТВ

Шестиот дел од култниот Pirates of the Caribbean ќе се снима без Џони Деп

Read more

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Read more

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Read more

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Read more
 

Сцена

Шестиот дел од култниот Pirates of the Caribbean ќе се снима без Џони Деп

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Читај повеќе
  • play_arrow

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Читај повеќе

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Читај повеќе

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Почина Мирко Попов

Читај повеќе