Индустриското производство во Германија опадна во јуни за 1,5 %, што предизвика страв дека најголемото европско стопанство може да се соочи со рецесија за првпат после шест години.
Аналитичарите процениле дека БДП може да опадне за 0.4%. Падот значи дека индустриското производство ќе биде помало за 5,2 % од претходната година, предвидуваат најновите статистички информации. После краткиот пад минатата година, германската економија се обнови во првиот квартал од 2019 година, но многу економии како Bundesbank, германската Централна банка, предвиделе дека БДП-то повторно ќе се намали во јуни.
Кризата во автомобилската индрустрија и интензивната трговска војна помеѓу САД и Кина, Германија од гигант, ја ставија во загрозувачка ситуација поради промената во производството. Тие тежнеат кон производство на електрични автомобили наместо дизел, а нарачките доцнат, Германија ги носи последиците од тоа.
Единствената област каде што економијата бележи раст е во градежништвото, каде што порасна за 0,3 % .
Министерството за економија соопшти дека производството бележи пад од 1,5 отсто во споредба со претходните месеци. Во април, индустрискиот пад изнесуваше 2 %, а во мај 0,1 %.
Економистите за јуни прогнозирале умерен индустриски пад од 0,6 проценти. Податоците за економски раст во другиот квартал се очекуваат на 14 август.
Според официјалните податоци, се очекува извозот кон државите надвор од ЕУ да се зголеми за 2,5 %.