Вести

Дали нашите смартфони нѐ прислушуваат?

13. септември 2019 - 12:16 | А.С.

Компанија за безбедност при користење на мобилните телефони спроведе истражување за да одговори на една од најпопуларните теории на заговор во моментов – дека технолошките гиганти ги прислушуваат нашите разговори.

Интернетот е преплавен со објави и видеа на социјалните мрежи во кои луѓето тврдат дека имаат докази дека компании како Facebook и Google ги шпиунираат своите корисници преку смартфоните за да им сервираат хипертаргетирани реклами.

Видеата станаа вирални во изминативе неколку месеци, а главното тврдење е дека кога луѓето зборувале за некои производи или услуги, потоа онлајн добивале реклами токму за тие работи.

Специјалистите за сајбер безбедност во Wandera ги повторија овие онлајн експерименти и не најдоа докази дека нашите смартфони нѐ прислушуваат.

Поопширното објаснување видете го во анализата на BBC:

Коментирај