Дали привремените камбани поставени на Нотр Дам се причина за пожарот?

Прашања околу можните причини за пожарот во Нотр Дам се множат, откако неделниците Маријан и Канар аншене, открија дека на покривот на катедралата на главната кула биле поставени времено шест камбани на електричен погон, чиј краток спој на инсталацијата би можел да биде причина за пожарот, јави дописникот на МИА.

Според двата неделници, кои се повикуваат на извори од истрагата, овие ѕвона – три инсталирани во 2007 година над трансептот и трите други реновирани во 2012 година сместени во главната кула – до кои електричната енергија била донесена со кабли преку таваните на катедралата, може да се причина за пожарот предизвикан од нивни краток спој.

Информациите кои ги објавија неделниците, велат дека „електричните камбани биле инсталирани на барање на свештенството, што е спротивно на сите прописи за безбедност издадени од главните архитекти на историските споменици” .

Истражувањата за причините на пожарот продолжуваат и точно треба да се дознае кој ги поставил овие ѕвона и, пред се, зошто електричната инсталација не била верификувана за време на работата и, се разбира, дали се тие причина за несреќата.

Сѐ уште нема реакција од Париската епархија. Инаку вработените кои работеле на скелето признале дека за време на изведбите пушеле, а моторите на електричните лифотви кои ги користеле не се наоѓале на местото каде избувна пожарот, исто така на денот на пожарот тие не заварувале и не користеле средства кои би можеле да бидат извор на топлина.

реклама

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе