Дали сите други имаат повеќе секс од вас?

Сексот е насекаде околу нас: на интернет, на ТВ, во реклами, во муабетот на колешката, од другата страна на ѕидот и јасно и гласно го слушате...

Речиси е невозможно да се избегне оваа најпопуларна табу тема, што доведува до тоа да почнеме да мислиме дека сите други околу нас имаат повеќе секс.

Меѓутоа, колку се навистина сексуално активни луѓето околу вас? И колку редовно „треба“ да имате секс?

Одговорите на овие прашања не се едноставни. Едно неодамнешно истражување на експертите од „Sage Journals“ базирано на социјална психологија и науката за човековата личност покажа дека среќните двојки имаат секс еднаш неделно.

Друго истражување покажа дека колку е позафатена со работа, жената има поголема потреба од партнерот, а тоа вклучува и поголема желба за секс.

Меѓутоа, трето истражување укажува дека и премногу секс во врската може да предизвика проблеми.

Секс-терапевтката Логан Лефков вели дека нема една точна вистина. Прво, сексот не може да се дефинира еднострано: тој има различно значење за различни луѓе и различни двојки.

Второ, колку често некој има секс не е правопропорционално со задоволството и среќата. Ако партнерите имаат потреба од секс два пати дневно за да бидат среќни и задоволни, не треба да се воздржуваат поради некаков си „просек за среќа“.

Од друга страна, ако партнерите се тип на луѓе кои си ги чуваат сексуалните средби за посебни прилики, и тоа е сосема во ред. Во секој случај, вели Лефков, и двајцата партнери треба да бидат задоволни со тоа колку често имаат секс и сексот не треба да биде натпреварување, ни со сексот во претходната врска, ни со сексот на најдобрата пријателка, ниту со просекот.

Луѓето кои се среќни и задоволни од својот сексуален живот не чувствуваат потреба да го споредуваат со туѓите.

Меѓутоа, ако има некаков проблем или диспаритет во желбите и реалноста меѓу партнерите во врска со сексот, треба отворено да се разговара за тоа.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Љубов и секс

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Read more

Што значи да сте заглавени во врска?

Read more

Не се измачувајте повеќе: Дали е време да раскинете?

Read more

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе