Живот

Дали технологијата ќе ја спаси катедралата Нотр Дам?

17. април 2019 - 13:20 | Б.С.Б.

Веста за пожарот во кој изгоре дел од катедралата Нотр Дам сè уште е актуелна во светот, а многумина се прашуваат дали историската градба ќе биде спасена. Добрите вести се дека технологијата може многу да помогне во автентичната обнова на ова светско културно наследство.

Светот со ужас гледаше како пламените јазици ја голтаа катедралата стара 850 години. Прогнозите засега се оптимистични, бидејќи веќе се прават планови за обнова и се донираат парични средства. За многу кратко време се собрани стотици милиони евра за обнова, процес кој без сомнение ќе трае подолго време и не е познато дали ќе тежнее кон оригиналната состојба или ќе биде во склад со денешниот дух и вредности.

Но, 3D технологијата на скенирање ќе игра клучна улога во обновувањето. Архитектот Ендру Талон во 2015  година предводеше тим кој направи 3D скенирање на целата катедрала во Париз, за да креира верна дигитална реплика на средновековната католичка катедрала. Користејќи најнови ласерски сензори, со тоа креираше 3D скен кој се смета за еден од најдобрите и најквалитетни во светот.

За жал, Талон повеќе не е жив, но целата негова работа ќе послужи во текот на реставрацијата. Интересно е тоа што во текот на обавувањето на работата тој самиот изјавил дека целта не му е зачувување на културното наследство туку го интересираа внатрешноста на структурата на катедралата.

Во пожарот целосно е уништен дрвениот покрив на Нотр Дам кој датира од 12 век. Истовремено е уништена и кулата која потекнува од 19 век.

Коментирај