Македонија

Данска го ратификува Протоколот за пристапување кон НАТО

26. март 2019 - 17:20 | МИА
Копенхаген, 26 март 2019 (МИА) – Данскиот Парламент денеска без дебата и во присуство на шефот на данската дипломатија Андерс Самуелсен го ратификуваше Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО.

Протоколот во Парламентот на Данска беше ратификуван со 97 гласа „за“ и девет воздржани.

Со ова Данска стана деветтата земја која го ратификуваше Протоколот, односно прва западноевропска земја која ја заврши постапката за ратификација и даде зелено светло на нашата земја на патот кон полноправно членство во Алијансата.

На отворената седница присуствуваше и в.д. амбасадорот на Северна Македонија во Данска, Александар Новотни. 

Коментирај