Фудбал

Давид Виља основа фудбалски клуб во Њујорк

12. ноември 2019 - 20:43 | Ф.З.

Квинсборо, тоа е најновиот клуб во светот создаден токму денес, 12 ноември 2019 година, а чиј ко-основач е Давид Виља.

Давид Виља четири години живееше во Њујорк кога настапуваше за Њујорк Сити, а неговиот дом беше токму во населбата Квинс, од каде што е новиот клуб.

Заедно со бизнисменот Џонатан Крејн ќе пробаат на луѓето од Квинс да им дадат клуб со кој ќе се идентификуваат. Во населбата постои бејсбол клубот Њујорк Метс, порано таму стадион имал и рагби клубот Њујорк Џетс, но тоа се сепак клубови на градот Њујорк, а не на населбата.

Светскиот шампион од 2010 во декември ќе полни 38 години, но сѐ уште е активен фудбалер бидејќи од почетокот на годинава настапува за јапонскиот Висел од Кобе.

Планот е Квинсборо па почне со натпреварување во сезоната 2021 и тоа во Источната конференција при УСЛ, втората по ранг лига веднаш зад МЛС. Своите натпревари ќе ги игра на нов стадионот во склоп на колеџот Јорк кој ќе биде со капацитет од 7,5 илјади гледачи.

Коментирај