Фудбал

Де Јонг: Преговарав и со ПСЖ и Манчестер Сити

24. јануари 2019 - 11:56 | МИА

Новото засилување на Барселона, Френки де Јонг кажа дека пред да потпише договор со каталонскиот клуб, водел преговори со ПСЖ и Манчестер Сити.

– „Преговарав со ПСЖ но не се согласивме за соработка. Исто така имав разговори со Гвардиола околу евентуален трансфер во Манчестер сити. Клубовите секогаш се обидуваат да те убедат да дојдеш до нив. Јас сум многу задоволен што Барселона беше одлучна да ме придобие. Каталонците ми понудија договор и минатата година", објави Де Јонг.

Според официјалната информација од Барселона, трансферот на Френки де Јонг изнесува 75 милиони евра. 

Коментирај