Де Роси конечно го осети вулканот на „Ла Бомбонера“
Еднаш веќе играше на легендарниот стадион во куп натпревар, а ноќеска за првпат ја осети атмосферата на преполната „Ла Бомбонера“ која еруптираше кога Карлос Тевес го отвори резултатот.
Бока Жуниорс го победи Алдосиви со 2:0 во натпревар од домашната лига. Како навивачите го пречекаа Даниеле Де Роси и како тој го одигра натпреварот погледнете во триминутното видео.