Дебакл во Бразил: Полупразни трибини, никој не гледа Копа Америка

Пред три дена почна 46-тото издание на Копа Америка што се одржува во Бразил.

По интересните воведни натпревари, организаторите, но и јавноста, се соочија со проблем што беше незамислив за континентот што живее, јаде и крвари фудбал – Копа Америка има поразителна посетеност на трибините.

Воведниот натпревар меѓу Бразил и Венецуела во кој фаворитите победија со 3:0, гo гледаа само 46.000 луѓе на стадионот Морумби што има капацитет од 66.000 гледачи. Тоа значи дека останале околу 20.000 влезници во продажба во „најфудбалската земја на светот“.

Беше тажно да се гледа вчерашниот натпревар меѓу Катар и Парагај – на стадионот Маракана со капацитет од 74.000 луѓе имаше 19.000 гледачи, што е едвај една четвртина од стадионот. Треба да се напомене дека 4.000 од тие 19.000 беа поделени како гратиси на деца од локалните училишта, што само го зглемува интензитетот на овој дебакл.

Венецуела и Боливија, односно Уругај и Еквадор ги гледаа по 13.000 луѓе, а средбата меѓу Аргентина и Колумбија предизвика најголем интерес кај публиката, па се собраа 35.000 гледачи.

Претседателот на CONMNEBOL Алехандро Домингез самиот признава дека ова било крајно неочекувано.

„Очекувавме и сакавме повеќе публика во земјата шо живее за фудбалот. Ова е навистина загрижувачки и ве уверувам дека проблемот не е во организацијата“, рече тој.

Па тогаш, која е причината?

Една од причините е секако огромниот капацитет на бразилските стадиони што беа изградени за Светското првенство во 2014 година и навистина е тешко да се наполнат овие трибини со полн капацитет.

Најуверлив аргумент е секако цената на влезниците.

Најповолните влезници за првиот натпревар на кој играше домаќинот и фаворит Бразил чинеа 151 долар, што изнесува повеќе од половина од минималната плата во Бразил (256 долари).

Влезниците за финалето ќе чинат речиси цела една минимална плата, односно 228 долари.

Третиот аргумент е во насока на тезата за заситеноста на луѓето од фудбал (да, и тоа е можно!) – во пет години ова е трето големо фудбалско првенство во организација на Бразил (Миндијалот, Олимписките Игри и Копа Америка).

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Фудбал

Роналдо го сотре бившиот клуб

Read more

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Read more

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Read more

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Read more
 

Спорт

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе

Салцбург се израдува на испаѓањето на Арсенал - му донесе пласман на клупскиот Мундијал

Читај повеќе

Нојер го урна рекордот на Касиљас во Лигата на шампионите

Читај повеќе
  • play_arrow

Вајт прв во историјата на Чикаго го повтори подвигот на Џордан, Филаделфија во плеј-офот

Читај повеќе

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Читај повеќе

Надал елиминиран од Де Минор

Читај повеќе