Деби со гол на Фалкао за Галатасарај
Радамел Фалкао имаше одлично деби за неговиот нов тим откако токму со неговиот гол Галатасарај ја однесе победата.
Колумбиската ѕвезда летово го засили турскиот гигант, а синоќа го имаше своето деби на натпревар од турската лига против Касимпаша.
Во 38-мата минута Фалкао го постигна единствениот гол на натпреварот носејќи му три бода на својот тим. Имаше и малку среќа бидејќи гостинскиот дефанзивец Сијам Бен Јусеф ја поткачи топката менувајќи го правецот колку да го измами својот голман Фатих Озтурк.