Децата во Финска одат со велосипеди на школо на -17°C

Дебел слој снег го покрива гратчето Оулу во Финска, а во дворот на училиштето Метсокангас е преполн со уредно паркирани велосипеди иако надвор температурата изнесува -17°C.

Околу 1.000 од вкупно 1.200 ученици во ова училиште секој ден доаѓаат со велосипед на школо, дури и во зима. Околу 100 од 150 доаѓаат пеш, а останатите со скии, санка или автомобил. Во ова училиште учат деца на возраст од 7 до 17 години.

Пека Такола, човекот кој ја направи оваа фантастична фотографија, не е изненаден од ваквата глетка во Оулу. Тој е инженер за урбана добросостојба во Navico Ltd. и координатор за велосипедизам во Град Оулу. Тој организира мастер класи за зимски велосипедизам и тури за паметна мобилност.

„Организиравме едукативна тура за учесниците од јужна Финска за да им покажеме како функционира возењето велосипед до училиште во нашиот град. Посетивме неколку училишта и зборувавме со локалните ученици и директори. Сигурен сум дека ова училиште е едно од најдобрите. Дефинитивно не е единственото, има многу училишта во Оулу во кои повеќето деца пешачат или возат велосипед до училиште“, објаснува Такола.

Начин на живот

Тој нагласува дека ова е начин на живот во овие краишта – и тој вози велосипед од мал и тоа било неговото превозно средство до училиште.

Такола вели дека возењето велосипед тука е лесно, дури и во зима. Тоа не изненадува ако имате предвид дека тука паѓа снег од ноември до април.

„Имаме одлична инфраструктура и редовно одржување – велосипедските и пешачките патеки се добро обележани и се одржуваат, па на нивните корисници не им е потребна специјална опрема за да се движат по нив. Многу често е поблиску и побрзо да стигнете некаде со велосипед или пеш отколку со автомобил“, вели тој.

Кога Такола ја објавил фотографијата на Twitter бил изненаден од бранот пораки со охрабрување и честитки за посветеноста, особено од странство. Тој сепак признава дека не се сите училишта низ земјата толку прогресивни.

„И тука се соочуваме со родители кои сакаат да ги носат децата до училиште со автомобил.“

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе