Нови проблеми за Samsung

Дел од сервисираните Note 7 се прегреваат, а батеријата не држи

По официјалното повлекување на проблематичните Galaxy Note 7 смартфони и забраната за користење во авионите, компанијата Samsung почна да ги испорачува заменските модели, но повторно се појавија проблеми.

До крајот на минатата недела беа испорачани повеќе од милион заменски уреди во САД, а репарираниот Note 7 треба да има зелена коцка на две места - на заклучениот екран и на врвот на home екранот.

Првичниот проблем на компанијата беше поврзан со прегревањето и експлодирањето на смартфоните, а заменските модели требаше да го решат тој проблем. Сепак, дел од корисниците во Јужна Кореја, повторно пријавија проблеми, а овој пат тие се кај репарираните смартфони. Проблемот сега е во прегревањето и во брзото празнење на батеријата, но според информациите, овој нов проблем не е поврзан со претходниот дефект на батеријата.

Според претстаник на Samsung, станува збор за изолирани случаи и тоа не е поврзано со првичните проблеми со батеријата.

Дел од експертите сметаат дека проблемите со Galaxy Note 7 се резултат на желбата на Samsung да го претстави својот модел пред Apple.

 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе