Демант на Шабани и Фазлиу во врска со кривичните пријави од Финансиската полиција

Скопје, 11 декември 2018 (МИА) –  Поранешниот министер за локална самоуправа Лирим Шабани во врска со кривичната пријава поднесена од Финансиската полиција до Oсновното јавно обвинителство за незаконска исплата на пари од проект на ИПА фондовите, вели дека сумата на парите со кои е оштетен буџетот на државата е сумата на хонорарите што ја потрошиле вработени, односно раководни лица од Одделот за менаџирање за ИПА фондови за евалуација на проектот за прекугранична соработка со Република Бугарија.

- Трошоците се направени за покривање на патни налози и нивната евалуација во Бугарија. Сумата е одбележана од ревизорите од надлежните институции што го надгледувале спроведувањето на проектите, вели тој.

Шабани констатира дека вработените после ревизијата ги вратиле парите на легален начин и дека паѓа секоја претензија за можна злоупотреба на буџетот на Министерството или државата.

Освен Шабани, кривична пријава заработи и актуелниот министер за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, како и државната советничка за европски интеграции и одговорната за спроведување на ИПА оперативна програма меѓу Македонија и Бугарија во периодот од 2015 и 2017 година.

Актуелниот министер за локална самоуправа Сухеј Фазлиу во врска со синоќешните јавни обвинувања од страна на медиумите, а во име на Финансиската полиција вели дека припаѓаат на времето и мандатот кога со ова Министерство управувал некој друг.

- Во мое време, пред една година овој случај е затворен. Им наложив на споменатите соработници во обвинувањата да ги вратат средствата- и средствата беа вратени. Објавувањето на овој случај, конкретно во ова време, и тенденцијата по секоја цена во име на финанасиската полиција да се стави дамка на моето име и мојата личност е пратено на погрешна адреса, рече Фазлиу.

Министерот Фазлиу апелира до сите релевантни институции во државата, а исто и до финансиската полиција сериозно да се зафатат со истражување, откривање и документирање на злоупотребите, корупцијата во сите сегменти на државата, без да поштеди ниту поединец, ниту група на организиран криминал.

- Крајно време е раководителот на Управата за финансиска полиција сериозно да се зафати со реалните злоупотреби кои се вкоренети во Македонија во последните 20- 30 години, и да не дозволи да стане дел од политичките игри барајќи криминал таму кадешто не му е место, а затворајќи очи таму кадешто и слепиот гледа реален и организиран криминал, вели Фазлиу. 

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе